Денес, во кабинетот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, беа примени претставници на Радио Канал 77, кои ја доделија плакетата за најдобро украсен град во Македонија, по избор на граѓаните и слушателите на радиото.
Ова признание претставува голема чест и потврда за заедничките напори вложени во создавање пријатна, уредена и визуелно препознатлива празнична атмосфера во градот. Крива Паланка уште еднаш ја доби поддршката и довербата од јавноста, што претставува особено значајно признание.
Градоначалникот Митовски упати искрена благодарност до сите, кои учествуваа во гласањето и ги препознаа и поддржаа активностите на општината, нагласувајќи дека токму нивната доверба и подршка е најсилниот мотив за континуирано унапредување и разубавување на градот.