Општина Крива Паланка

viber image 2025 11 07 13 52 029 500 600x703

Градоначалник

Кратка биографија

Сашко Митовски е роден на 14 мај 1987 година во Крива Паланка, каде што го завршил своето основно и средно образование. Високото образование го стекнал на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје (УТМС), на Економскиот факултет, каде што дипломирал во 2018 година во областа на економијата.

Тој има 38 години, оженет е и е татко на три малолетни деца.

Уште од најрана возраст, Митовски покажува изразен афинитет кон организацијата, креативноста и општествената активност. Како средношколец бил претседател на училишната заедница при СОУ „Ѓорче Петров“ и организатор на бројни културни, спортски и младински настани кои оставиле препознатлива трага во градот. Еден од поистакнатите настани од тој период е првата организирана општинска лига во мал фудбал – проект кој тогаш го обедини младинскиот спортски дух во Крива Паланка.

Во периодот 2004–2006 година, Митовски е претседател на невладината организација Регионален центар за развој, преку која реализира повеќе проекти насочени кон подобрување на локалната заедница и поттикнување на младинскиот активизам.

 

Надлежности на градоначалник

Градоначалникот ги врши своите надлежности во согласност со закон и Статутот на Општината, ја контролира законитоста и го обезбедува објавувањето и извршувањето на одлуките на Советот, предлага прописи, Буџет и Годишна сметка и го извршува Буџетот, раководи со општинската администрација, одлучува за вработувањата и донесува акти за систематизација, управува со сопственоста на Општината како добар домаќин, решава управни работи за правата и обврските на граѓаните и правните лица, именува директори на јавни служби, редовно го известува Советот, учествува без право на одлучување на неговите седници и тела, соработува со други општини и определува член на Советот кој го заменува во случај на отсуство или спреченост, при што сите овие активности ги врши во јавен интерес и согласно законските прописи.

Совет на Општина Крива Паланка

Mile

Претседател
Миле Трајковски, Политичка партија: СДСМ
mile.trajkovski@krivapalanka.gov.mk

Tanja

Тања Дејановска-Митровска, Политичка партија: СДСМ
tanja.d.mitrovska@krivapalanka.gov.mk

Nikola

Никола Јакимовски, Политичка партија: СДСМ
nikola.jakimovski@krivapalanka.gov.mk

Angela

Dejan

Daniel

Даниел Анѓеловски, Политичка партија: СДСМ
daniel.angelovski@krivapalanka.gov.mk

Aleksej

Алексеј Николовски, Политичка партија: СДСМ
aleksej.nikolovski@krivapalanka.gov.mk

Bobi

Боби Димитровски, Политичка партија: СДСМ
bobi.dimitrovski@krivapalanka.gov.mk

Vlatko

Slagjana

Слаѓана Вучевска-Петковска, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
slagjana.v.petkovska@krivapalanka.gov.mk

Aleksandar
Александар Рангелов, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
aleksandar.rangelov@krivapalanka.gov.mk

Violeta

Aleksandar D
Александар Давидовски, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
aleksandar.davidovski@krivapalanka.gov.mk
Tanja 1
Тања Станковска, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
tanja.stankovska@krivapalanka.gov.mk

Dobri

Надлежности на совет

Советот на Општината е надлежен за донесување на Статутот, деловникот, програмата за работа, Буџетот и Годишната сметка, утврдување на сопствените приходи, урбанистичко планирање и уредување на просторот, донесување програми и одлуки поврзани со инфраструктурата, сообраќајот, јавната чистота, животната средина, локалниот економски развој, културата, спортот, социјалната и здравствената заштита, образованието и јавната безбедност, управување и располагање со сопственоста на Општината, основање и надзор на јавни служби, именувања и разрешувања, финансиска контрола на Буџетот, формирање комисии, воспоставување награди и признанија, давање мислења по предлог-закони што се однесуваат на Општината, како и вршење други работи и донесување одлуки утврдени со закон и од негова надлежност.

Видео седници

Општина Крива Паланка – YouTube

mk_MKMacedonian